Претседател

Ернест Дамјановски е киропрактичар и терапевт, кој применува специјална техника за местење на нервите долж ’рбетниот столб, како и методи од природната и тибетската терапија. Со оваа метода успешно помага при различни проблеми како што се болки во грбот, главоболки, мигрена, проблеми со нервите и ограничена подвижност.

Живее и работи во Виена, Австрија, каде што има своја ординација, а истовремено работи и во Скопје, каде што редовно прима пациенти. Со долгогодишно искуство и практичен пристап, има помогнато на голем број луѓе да ги подобрат своето здравје и квалитетот на живот, често нудејќи природни решенија таму каде што вообичаено се предлагаат оперативни зафати.

Од 2016 година членува во повеќе полициски организации и здруженија од невладин сектор во Европа, и е учесник на повеќе меѓународни конференции посветени на развојот на безбедноста и меѓународната соработка.

Од ноември 2025 година е именуван за директор на Institute for Development of Security – European Police Agency – Brussels.

Ернест Дамјановски е оженет и татко на едно дете.