ЕПА Македонија- Европска полициска асоцијација на сите припадници на Министерството за внатрешни работи им го честита 7-ми Мај, Ден на Македонската полиција!
Нека е за многу години празникот!
FRATERNITAS!

Ни претставува посебно задоволство да ве информираме дека на 02.03.2022 беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ЕПА Македонија претставувана од Директорот за соработка со меѓународни, државни и невладини организации и институции М-р. Дејан Хаџи Крстески и Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права “Менаџер за корпоративна безбедностˮ – Скопје, претставувана од Проф. д-р Атанас Козарев, Претседател.

Ni pretstavuva posebno zadovolstvo da ve informirame deka na 02.03.2022 beshe potpishan memorandum za sorabotka pomegju EPA Makedonija pretstavuvana od Direktorot za sorabotka so megjunarodni, drzhavni i nevladini organizacii i institucii M-r. Dejan Hadzhi Krsteski i Asocijacijata za korporativna bezbednost, vladeenje na pravo i chovekovi prava “Menadzher za korporativna bezbednostˮ – Skopje, pretstavuvana od Prof. d-r Atanas Kozarev, Pretsedatel.

 

***ВАЖНО*** Почитувани членови и симпатизери на ЕПА Македонија, Ве известуваме дека лицето Лазар Гечевски од Скопје, е носител на легитимација со назнака "директор" но истата не e валидна од причина што истиот никогаш не добил акредитив од European Police Association, со седиште во Белгија, да биде назначен за директор на Европската Полициска Асоцијација за Македонија. Дополнително, истиот врз основа на лажни податоци, доставени во ЕПА во Белгија, се стекнал со статус associated member што ја прави неговата легитимација и незаконита од причина што никогаш не бил дел од вооружените сили (полициски или воени) и/или органи на РСМ.
Како резултат на горенаведените противправни активности, членството на лицето Лазар Гечевски од Скопје престанува по сила на Статутот на ЕПА Македонија и Правилникот за дисциплински мерки кој произлегува од Статутот.
ЕПА Македонија однапред се оградува од сите досегашни и идни активности на горенаведеното лице.

ЗА НАС

Околу 2 милиони полицајци во моментов работат во Европската унија. Без разлика дали се припадници на федерални, национални, локални или регионални полициски сили, жандармерии, царински или финансиски услуги, итн., огромното мнозинство од овие полицајци немаат контакт со своите европски колеги.

Само неколку специјалисти разменуваат информации и можат, во некои случаи, ефективно да учествуваат во европските безбедносни проекти.

 Меѓутоа, темпото на технолошките иновации и европскиот законодавен напредок, имплементацијата на договорите и органите за полициска соработка, се забрзува од година во година, објавувајќи фундаментални промени за идните полициски и царински обуки и работни услови. Не заборавајќи ја Европската програма за истражување на безбедноста (ESRP), која има за цел да го затвори технолошкиот јаз во ЕУ и подобро да ги координира напорите за гарантирање на безбедноста на европските граѓани.

 Оттука е важноста полициските службеници да можат систематски да го следат овој напредок и да се консултираат меѓусебно врз основа на сопственото искуство, накратко, да разменат што е можно повеќе корисни информации. Токму ова е целта што ја следи ЕПА преку заедничката европска платформа што ја сочинува оваа страница и нашето списание „ЕПА МАГ“.

 Уживајте во вашата посета

Зоран Атанасовски

Ген. Директор на ЕПА Македонија

Дејан Хаџи Крстески

Директор за односи со меѓународни, државни и невладини институции и организации

Данило Матовиќ
 
Директор за логистика

.

Магдалена Петровиќ, адвокат  

Директор за правен сектор

ЕВРОПСКА ПОЛИЦИСКА АСОЦИЈАЦИЈА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ

From The Blog

Известување

Ни претставува посебно задоволство да ве информираме дека на 02.03.2022 беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ЕПА Македонија…